Невил удри по алчните премиерлигаши: Ова е криминал, исфрлете ги Јунајтед, Ливерпул и Арсенал од лигата

epa000488977 Team captain Gary Neville (L) and Manchester United Manager Sir Alex Ferguson (R) chat during a press conference held at the Kerry Hotel in Beijing on Monday, 25 July 2005. The team is on an Asian tour. EPA/DIEGO AZUBEL EPA

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон е разочаран со иницијативата на неговиот клуб и уште пет англиски екипи да учествуваат во формирањето на европската Суперлига.
– Евертон троши 500 милиони фунти за изградба на нов стадион со амбиција да игра во Лигата на шампионите. Навивачите низ целиот свет ја сакаат Лигата на шампионите таква каква што е сега. Во моето време, Јунајтед играше во четири финалиња во ЛШ. Не сум сигурен дали Јунајтед е вмешан во ова бидејќи не сум дел од процесот на носење одлуки – изјави Фергусон.

Далеку поостар во своите зборови беше поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Гери Невил.
– Навивач сум на Јунајтед 40 години, но сега сум вџашен. Од Јунајтед и од Ливерпул највеќе. Од Ливерпул, клубој кој никогаш нема да оди сам, клубот на народот…. Не сум против парите во фудбалот, и јас заработив од него и вложувам во него, но постојат некои принципи. Јунајтед не игра во ЛШ, Арсенал не игра во ЛШ, Тотенхем не игра во ЛШ и тие сакаат да бидат таму. Ова се циркуси – вели Невил кој додава дека на клубовите кои потпишале да бидат дел од Суперлигата треба да им се одземат парите но и бодови.

– Јунајтед и останатите клубови од големата шесторка кои се пријавија за Суперлигата се против Премиер лигата и треба да срамат. Би требало да им се одземат бодови и парично да се казнат. Ова е криминал, ова е казнено дело против фудбалските фанови. Дајте му ја титулата на Барнли, оставете го Фулам во Премиер лигата, а исфрлете ги Јунајтед, Ливерпул и Арсенал – додава Невил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот