НЕВЕРОЈАТЕН НАПАД НА АВИОН ВО ИНДИЈА: Рој од пчели причина за доцнење на лет од Калкута

Фото: Профимедиа

Летот 743 Ер Индија кој требало да тргне од Калкута бил одложен за дури два часа подоцна бидеќи рој од пчели се залепиле на прозорецот на пилотската кабина на авионот.

Авионот кој летал од Агартал во североисточна Индија, која е на само еден час летање, доцнел 90 минути поради технички проблеми кои почнале кога почелите одлучиле да се „преселат“ на прозорецот од кабината на пилотот.

Вкупно 136 патници, вклучувајќи го министерот за информации на Бангладеш Хасам Махмуд, морале да чекаат уште еден час за ројот на пчели да биде отстранет.

Пилотите пробале да ги отстранат со помош на бришачи за стакло, но не успеале. Дури пожарникарите успеале да ги отстранат и тоа со водени топови.

Директорот на аеродромот изјавил дека тој аеродром е темелно пребаран и дека не се откриени кшнички со плчели, што значи дека пчелите дошле од локација која се наоѓа надвор од аеродромот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот