Несторовски ќе го засили Асколи, во вторник се закажани лекарските прегледи

фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Летово Илија Несторовски доби голем број на понуди од Серија Б, Асколи успеа на крајот да победи во трката за потписот на искусниот напаѓач.

Според италијанскиот новинар Џанлука Ди Марио, пред официјалното потпишување, Несторовски во вторник ќе ги има лекарските прегледи.

Несторовски во ланската сезона во најквалитетната италијанска лига за Удинезе имаше 21 настап и два голови.

На клупски план беше дел и од Палермо, Интер Запрешиќ, Металург, Викторија Жижков, Словачка и Победа Прилеп.

Последен пат Асколи играше во Серија А во натпреварувачката сезона 2006/2007. Новата сезона во Серија Б фудбалерите на Асколи ја стартуваа со два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот