НЕСРЕЌА НА ФИЛИПИНИТЕ: Падна хеликоптерот кој го пренесувал директорот на полицијата (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Хеликоптерот со кој се пренесувал шефот на филипинската национална полиција, Арчи Гамбоа, падна денес за време на неговото полетување во провинцијата Лагуна, јужно од Манила, соопшти полицијата.

Гамбоа се здобил со полесни повреди, а други два полициски генерали се наоѓаат во критична состојба, пренесе „Ројтерс“, а јавуваат локалните медиуми.

Гамбоа и седум други лица се примени во болница на лекување.

Хеликоптерот случајно удрил во жица со висок напон за време на полетувањето, а леталото потоа се запалило, пишува во медумските извештаи од местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот