Несекојдневен момент во Париз: Продавала стан во наследство, нашла пола милион евра во визбата

Фото: themayor.eu

Во визба на зграда во седмиот арондисман во Париз во стар куфер се криело вистинско богатство – над 500.000 евра во различни апоени, а во понеделникот ги открила жена која сакала да го продаде станот, јави дописникот на МИА од францускиот главен град.

Куферот, според пишување на „Паризиен”, можно е да бил поврзан со случај на перење пари и отпочната е истрага за пронаоѓање на неговиот сопственик.

– Не сме завршиле со броењето. Но, има меѓу 500.000 и 600.000 евра, особено во апоени од 500, од 100 и од 50 евра, го пренесува својот извор парискиот весник.

Ова лето, педесетгодишна жена, наследничка на стан од нејзината мајка, ја почнала продажбата на имотот лоциран во луксузниот седми арондисман, недалеку од Шам-де-Марс (Ајфеловата кула).

Таа задолжила агенција за недвижнини да  го процени станот, но кога сакала да го измерат делот од визбата поврзан со имотот, проценителот наишол на врата со катанец.

Во август била поставена белешка во влезот на зградата, за да се побара од евентуалниот „невнимателен сосед” да ја ослободи визбата. На повикот немало никаква реакција, па новиот сопственик одлучил во понеделник да повика бравар. Во тој процес, проценителот го пронашол неверојатното богатство, што веднаш го пријави во полиција. Истрага отвори париското Обвинителство и ја води Бригадата за финансиски истраги на париската судска полиција, специјализирана за случаи за перење пари и фалсификувани пари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот