Непријатен момент: Данскиот селектор поради една реченица добил свирежи на прославата на титулата
Данската ракометна репрезентација ја освои титулата европски шампион, а славјето кулминираше доцна вечерта во Хернинг, каде илјадници навивачи се собраа да го прослават големиот успех. Иако атмосферата требаше да биде исклучиво еуфорична, еден необичен момент брзо станал главна тема.
Препорачано
Прв пред насобраните навивачи се обрати Матијас Гидсел, кој ја потсети публиката на своето потекло.
„Се вратив во Хернинг. Во мојот роден град. Роден сум во болницата во Хернинг“, изјави Гидсел, што беше поздравено со силни овации и воодушевување од присутните.
Кратко потоа микрофонот го презеде селекторот Николај Јакобсен, кој се обиде да се надоврзе на зборовите на својот играч. Сепак, наместо аплауз, го пречекаа свирежи од публиката.
„Всушност, ни јас не сум роден толку далеку одовде, кога веќе Матијас ја отвори таа тема. Роден сум во Виборг“, рече Јакобсен, по што од навивачите јасно се слушале незадоволни реакции.
Оваа необична сцена од прославата брзо се најде во фокусот на данските медиуми, меѓу кои и „Екстра Бладет“, кој оцени дека селекторот доживеал непријатен момент среде славењето на историскиот успех.
Причината за реакцијата на навивачите лежи во фактот што Виборг и Хернинг се ривалски градови, ривалство кое особено доаѓа до израз во спортот. И покрај тој детаљ, данските ракометари во Хернинг прославија уште една голема титула, потврдувајќи го статусот на една од најдоминантните репрезентации во европскиот и светскиот ракомет.
Тотална доминација: Данските ракометари се новите владетели на Европа


