Фото: Приватна архива

Необичен, превкусен рецепт на Дијана Иваноска: Торта со ѓумбир и цимет

Дијана Иваноска со својот талент за комбинација на вкусови нè носи на едно исклучително гастрономско патување. Иваноска стои зад инстаграм-профилот „Dash of Spice“ и ни ги открива малите тајни за создавање магија од вкусови.

Инвентивната Дијана денеска споделува рецепт за едно гастрономско уживање – торта со ѓумбир и цимет.

– Замислете вкус на колачиња од ѓумбир и цимет во форма на сочна и мека торта. Комбинацијата на зачини и преливот од карамел ја прават оваа торта неодолива – вели Дијана.

Фото: Приватна архива

Состојки:

– 250 грама путер
– 220 грама кафеав мусковадо шеќер
– 1 јајце
– 200 грама мед
– 145 грама меласа (ако немате меласа заменете со мед)
– 250 милилитри јогурт
– 470 грама брашно
– 1/2 лажиче сол
– 1 лажиче прашок за печиво
– 1 лажиче сода-бикарбона
– 2 лажичиња цимет
– 2 лажичиња мелен ѓумбир

За карамелот:

– 220 грама шеќер
– 120 милилитри вода
– 245 милилитри хопла
– 1 лажиче ванила

Фото: Приватна архива

Подготовка:

Убаво се мати путерот со шеќерот. Настрана се соединуваат медот, меласата и јајцето. Се додаваат во путерот и убаво се мати. Се мешаат сувите состојки и се додаваат во смесата наизменично со јогуртот.

Кога ќе се соединат, се префрла во куглов добро намрсен со путер. Се пече на температура од 170 степени Целзиусови, 45 – 50 минути. Проверете со чепкалка. Ако е сува, извадете го од рерна.

За карамелот: Ставете ги шеќерот и водата во тенџере на средна температура. Во хоплата се става ванилата. Шеќерот не треба да се меша за да не кристализира. Кога ќе добие убава бакарна боја се отстранува од оган и постепено со мешање се додава загреаната хопла. Се остава да се излади и да се згусне.

Тортата прелијте ја со карамелот и уживајте во секој залак.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот