Немири на протестот во Виена против ограничувачките мерки, приведени 23 демонстранти

Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.

Австриската полиција уапси 23 лица и поднесе кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти кои вчера во Виена протестираа против мерките за борба против ширењето на коронавирусот.

Полицијата денеска соопшти дека демонстрантите на вчерашниот протест не ги почитуваа правилата за држење растојание и носење маски. Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.

На протестот присуствуваа околу 10.000 лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата.

Собирот почна мирно, но подоцна прерасна во несилство.

Медиумските известувачи од настанот соопштија дека некои од демонстрантите им се заканувале со насилство.

Меѓу учесниците на митингот беше и крајно десничарскиот австриски политичар и поранешен вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија ќе го продолжи „локдаунот” за уште две недели, до 8 невруари, изјави  канцеларот Себастијан Курц, објаснувајќи дека тоа е потребно поради ширењето на новиот позаразен вид на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот