НЕМА СЛУЧАЈНОСТИ: Пазете се од оние кои обожаваат џин-тоник

џин-тоник
Фото Профимедиа

Несекојдневна занимливост поврзана со љубителите на џин-тоник, но и на горчливиот вкус воопшто.

Ако сте од оние кои не го сакаат овој пијалак, тогаш проблемот не е во џинот, туку во тоникот. Причината зошто некои луѓе не го сакаат тоникот се крие во генетиката.

Неговиот горчлив вкус доаѓа од кининот, кој пак потекнува од кората на истоименото дрво. Кининот се користел во 19-от век како лек против маларија, а тинктурата имала вкус кој е речиси идентичен на популарниот пијалак.

Според едно истражување на научниот центар „Монел“, постои одредена генетска сличност кај луѓето кои не сакаат горчлив вкус. Таа „наследна“ одбивност се должи на генетската меморија на лекот против маларија. Истата студија, пак, наведува и дека љубителите на горките пијалаци, вклучително и џин-тоникот, имаат одредени психопатски тенденции.

Но, тоа не значи дека треба да се откажете од џинот. Можете да пробате да го комбинирате со некој друг пијалак и да уживате во неговиот вкус.

https://www.slobodenpecat.mk/najpopularni-kokteli/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот