Коронавирусот секојдневно во Шпанија одзеа стотици животи, поради што погребните претпријатија веќе со недели не можат да постигнат да ги погребаат сите жртви.

Заради тоа властите во Барселона беа принудени една јавна гаража да претворат во привремена мртовечница.
Објект со големина од 5.000 квадратни метри служи како складиште за ковчези со телата на починати. Бидејќи тука можат да бидат околу 1.800 сандаци, ова моментално е најголемата „теренска мртовечница“ во Шпанија, но и во Европа.
Во оваа гаража секојдневно носат десетици тела на починати, а потоа оттаму ги носат во крематориум.