НЕМА КОЈ ДА ВОЗИ: Во Србија недостасуваат 2.000 возачи на автобуси и 6.000 камионџии

фото: Профимедиа

На српските претпријатија им недостасуваат најмалку 2,000 возачи на автобуси и околу 6,000 камионџии, проценуваат здруженијата на превозниците.

Истовремено предупредуваат дека овој проблем од година во година ќе биде поголем, бидејќи истите маки ги мачат и нивните колеги од Европа.

Подготвуваат иницијатива, под одредени услови, да се намали границата за добивање на возачка дозвола за „Д“ категорија, а тоа ќе биде уште една тема за измената на Законот за безбедност во сообраќајот, пишуваат „Вечерни Новости“.

Според важечкиот закон, зад воланот на автобусот смее да седне само возач кои има навршено 24 години, додека ученикот во сообраќајна школа смее да вози камион од 18 години, по завршувањето на тригодишното школување.

– Учениците не можат моментално во текот на школувањето да се определат да бидат возачи на автобуси. Тие ја добиваат „Ц категоријата“, а после пет години можат да полагаат за „Д категорија – објаснува Мирко Вучиниќ, Претседателот на здруженијата „Панона транспорт“.

– Ние предлагаме да постои избор и оние кои ќе завршат тригодишно сообраќајно школо да можат да добијат пробна дозвола на пет години. Тие би имале обврзна пракса од една година кај лиценциран превозник. Во тој период би смееле само да возат автобус без патници, при следење на возач кој има најмалку пет години – вели Вучиниќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот