Нејмар: Плачев од болка, Господ ме спаси од сериозна повреда!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Денеска добра вест има за навивачите на ПСЖ која вели дека Нејмар не е сериозно повреден и се враќа на теренот за три недели.

Тоа значи дека Бразилецот се очекува да биде во составот на Французите за мега осминафиналната пресметка против Барселона и неговиот поранешен клупски соиграч Лионел Меси во Лигата на шампионите.

Поради грубиот прекршок на Тијаго Мендеш во „Лига 1“, Нејмар беше изнесен на носилка поради повреда на скочниот зглоб.

ВИДЕО: ПСЖ го загуби дербито, Нејмар во солзи беше изнесен од теренот!

Во прв момент сите помислија дека станува збор за сериозна повреда, но првите прегледи велат дека има само посилно изобличување на глуждот на левата нога, ќе биде подложен на терапии и се очекува да се врати на теренот на 13 јануари следната година.

– Плачев од болка, очај, страв, вознемиреност од операција, патерици и други лоши спомени. Може да биде полошо (од сегашната проценка, добро), но Господ ме спаси од сериозна повреда – напиша Нејмар на Инстаграм, а потоа се охрабри со надеж дека ќе се врати на теренот што е можно побрзо.

ЛШ, осминафинале: Барселона го доби ПСЖ, Баерн Минхен против Лацио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот