ВИДЕО: ПСЖ го загуби дербито, Нејмар во солзи беше изнесен од теренот!

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во дербито на 14 коло од најсилниот француски шампионат, Лион го победи ПСЖ на гости со 1:0, остварувајќи ја својата прва победа на „Паркот на принцовите“ по 13 години.

Покрај тоа што останаа без бодови, париските „светци“ би можеле да останат некое време и без една од своите први ѕвезди во составот, Нејмар, кој беше изнесен од теренот во судиското надополнување на носилка по стартот на Тијаго Мендеш кој доби црвен картон за неговиот груб прекршок.

Судијата Беноа Бастиен прво му покажа жолт картон, но по прегледувањето на видео снимката се предомисли и го исклучи гостинскиот играч за врска.

Станува збор за повреда на скочниот зглоб и Бразилецот имаше толку многу болка што плачеше додека го однесоа од теренот во соблекувалната.

Последен пат Лион славеше на натпревар од првенството во Париз во октомври 2007 година кога победи со 3:2.

Со оваа победа Лион се израмни на врвот на табелата со Лил, додека ПСЖ падна на третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот