Нејмар две години на позајмица! (ФОТО)
Според „Мундо Депортиво“, медиум кој што е добро запознат со случувањата во Барселона, новата идеја, односно понуда до ПСЖ за Нејмар е позајмица на две години плус откуп на крајот на тој период.
ПСЖ и јавно призна дека преговара за заминување на овој фудбалер. Се очекува Барса за двегодишната позајмица да плати значајно повеќе од осум и пол милиони евра колку што Баерн плати за позајмица на Филипе Кутињо на една година.
'The key to Operation Neymar: 2 year loan' [md] pic.twitter.com/YB04OOuNY7
— barcacentre (@barcacentre) August 21, 2019
Тоа е и логично, бидејќи цената на Нејмар е поголема од онаа на Кутињо. Претходно објавивме дека Барса би можела да се ослободи од Дембеле.
Останува да го видиме наредниот потег на Реал Мадрид кој после три неуспешни обиди сега дискретно го „напаѓа“ Нејмар. „Кралевите“ ќе ги чекаат последните денови од преодниот рок и се надеваат дека ќе имаат шанса доколку Барселона испадне од приказната.