Кутињо уште на првиот тренинг ги освои срцата на навивачите на Баерн

Фелипе Кутињо не одигра ниту една минута во дресот на Баерн Минхен, и уште на првиот тренинг ги освои срцата на најмалите и симпатиите на највозрасните навивачи.

Кутињо денеска го одработи првиот тренинг како нов член на Баерн по пристигнувањето од Барселона но кон крајот на тренингот започна да врне дожд поради што само двајца фудбалери останаа да делат автограми на навивачите кои дојдоа во огромен број за да го видат најзвучното засилување.

Но, Томас Милер набрзо одлучи да прекине со делењето автограми па желбите на навивачите остана да ги исполнува само Кутињо.
Тој околу два часа, со насмевки делеше автограми и позираше за фотографии со навивачите дури и откако неговите соиграчи и тренерскиот тим го напуштија тренинг кампот на Баерн.

Откако престана да врне, на теренот останаа само Кутињо и еден човек од обезбедувањето, а новинарите коии го следеа тренингот, објавија дека Бразилецот поделил околу 1.500 автограми, потез со кој ги освои срцата на навивачите на германскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот