Неизлечива тага: Почина 25-годишниот син на актерот Тим Рот

Таткото и синот Рот во јули 2021 година / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Кормак Рот, музичар и син на познатиот актер Тим ​​Рот, починал пред две недели од рак, објави неговото семејство во понеделникот.

„Имаше само 25 години. Имаше дива енергија, а неговиот дух беше исполнет со светлина и добрина“, напиша семејството во емотивната објава.

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

„Колку и да беше див, Кормак беше и олицетворение на добрината. Нежна душа која донесе толку многу среќа и надеж за сите околу неа. Тагата доаѓа во бранови, како и солзите и смеата, кога се сеќаваме на тоа прекрасно момче низ 25 години и 10 месеци што го познававме. Непослушно, радосно, диво и прекрасно дете. Го сакаме. Ќе го носиме со нас каде и да одиме – додале тие“, пренесува Variety.

Кормак дипломирал на колеџот Бенингтон и бил талентиран гитарист, композитор и продуцент. На својот Инстаграм во ноември 2021 година, тој објави дека му бил дијагностициран рак од трет степен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот