Неготинчанец ја демнел поранешната вереница, доби кривична пријава

Фото: CC0 / stockvault.net

35-годишен жител на Неготино доби кривична пријава откако, според полицијата, со месеци ја следел и ја демнел поранешната вереница, испраќајќи ѝ писма и несакани пораки.

„На 27.06.2023 ОВР Неготино поднесе кривична пријава против Б.П.(35) од Неготино, поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „демнење“. Во периодот од февруари 2023 до 02.05.2023 година, пријавениот неовластено ја следел неговата поранешна вереница и ја вознемирувал со пораки преку „Вајбер“ и со испраќање писма до домот во којшто таа живее“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот