Неделава поскапи горива за половина до еден денар

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство, се зголемуваат за половина деанар по литар и ќе изнесуваат 63,5, односно 53 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОДИЗЕЛ поскапуваат за еден денар по литар и ќе чинат 61,5 и 53,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,605 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 26,585 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар во последните седум дена кај бензинот во просек за околу 3,81 отсто и кај дизелот за околу 3,84 отсто, како и за 0,507 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот