Не ѝ дозволувам на ќерка ми да чита лоши коментари: Сара Мејс раскажа како ги воспитува децата

Сара Мејс искрено прозборе како ја воспитува својата седумгодишна ќерка и како се справува со негативните коментари што се пишуваат за неа.

„Илина, во принцип, не седи на Инстаграм, јас не ѝ дозволувам. Ако јас некогаш треба да седнам на Инстаграм, тоа не е додека е таа до мене. Некогаш ќе се случи и да ми текне, па да го изгасам. Не гледам причина зошто таа да го гледа тоа, работи што јас ги следам, што мене ми импонираат, нема потреба. Некогаш тие се многу често убави и позитивни работи, концерти, на пример. Но тоа не сметам дека е нејзина работа. Мојот живот си е тоа, мој простор, значи таа ниту стасала да чита коментари, ниту да гледа што се случува. Некогаш знаело да ѝ биде чудно зошто некој ме познава мене или ја познава неа, па јас се обидувам како мајка да ѝ објаснам“, рече пејачката во емисијата „Никој да не знае“ на ТВ Телма, а потоа додаде:

„Сега имаме професија која се вика инфлуенсер и тој инфлуенсер седи и размислува како да си го направи својот медиум посилен, што е супер и фер е. Но, не се доживувам како инфлуенсер. Јас сум пред сѐ музичар, кој целиот живот го вложила во тоа, една наука, нели, да го учам и да го работам тоа, и сѐ уште не се сметам за доволно научена и наработена во тоа“, рече пејачката.

Во интервју за „Слободен печат“, Сара неодамна изјави дека мајчинството стопроцентно ја променило.

„Речиси ништо не остана од старата Сара. Остана суштината, секако љубовта и секогаш спремноста да се гине за работите што се сакаат, но ме научи на многу важни работи, како на пример, уште повеќе да си го почитувам времето, спокојот. Не се опишува начинот на кој те менува мајчинството, тоа е една магија што е индивидуално патешествие и може да се разбере само кога ќе се доживее“, изјави музичарката, која е во брак со Димитар Атанасовски од 2017 година и имаат две деца, Кирил и Илина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот