Не се предвидени нови рестрикции за угостителските објекти, но можно е и тоа да се случи, вели Филипче

Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Засега не се планираат дополнителни мерки за справување со ширењето на ковид-19 во однос на работата на угостителските објекти и групирањата преку ден на јавни простори, во паркови и на игралишта. Министерот за здравство, Венко Филипче во изјава за медиумите кажа дека за работата на угостителските објекти има протоколи што треба да се спроведуваат, како и ограничувања за групирањата на јавни простори. Тој го пренесе апелот на Комисијата за заразни болести до инспекторатите да ги интензивираат контролорите за почитување на мерките.

– Засега не, можно е и тоа да се случи. За угостителските објекти има протоколи и се што треба е да се почитуваат. Инспекоратите може и Комисијата за заразни болести апелираше, свесни се дека се на терен и под притисок, но колку може таа работа да се интензивира во смисла на контрола и проценка дали се почитуваат препораките или не, рече Филипче.

Според него, угостителските објекти работат со протоколи, што се сосем доволни, и врз основа на стандардните принципи за да се спречи ширењето на болеста.

За групирањата на игралиштата и јавните простори, министерот за здравство рече дека исто така нема нови мерки, но потенцираше дека сите инспекторати сега имаат зголемени ингеренции и оти со интензивна работа сите тие протоколи може да се контролираат.

Комисијата за заразни болести предложи од среда во земјава да се воведе полициски час од 22 до 5 часот наутро за да се спречи ширење на новиот бран на ковид-19. Освен ова засега други мерки, како викенд карантини и други рестрикции не се предвидени. Бројките на заразени со ковид-19 се зголемуваат во Скопје, Куманово, Прилеп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот