„Не можеме да стоиме настрана“: Бенедикт Камбербач ја осуди војната во Украина

Бенедикт Камбербеч
Бенедикт Камбербеч / Фото: EPA-EFE/WALLACE WOON

Британскиот актер Бенедикт Камбербач ја доби својата ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, објави „Daily Mail“.

Во својот говор, актерот повика на итна акција кога станува збор за климатските промени и потсети на болната загуба на сите лица кои починаа како последица на ковид-19. Меѓу другото, тој ја спомена и неговата сестра Трејси Пикок, која почина од рак минатата година.

„Би сакал да ја споменам мојата сестра која ја загубивме минатата година. Таа многу ќе го сакаше ова. Таа само ќе се смееше непрекинато цел пат и, веројатно, ќе плачеше. Се надевам дека од некаде горе, каде што сјаат вистинските ѕвезди, ти ме гледаш во моментов. Сигурен сум дека е така. Многу ни недостигаш“, изјавил тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ➳ benedictwiki (@benedictwiki)

Камбербач ја искористи приликата за да ја осуди руската инвазија во Украина и повика на заедничка акција за запирање на понатамошниот руски воен напредок.

„Не можеме да стоиме настрана. Не е време за среброљубие, мрзливост или неактивност. Мораме да дејствуваме, а има работи кои можеме да ги направиме. Поддржете ги оние кои им помагаат на бегалците. Поддржете ги организациите за човекови права. Притискајте ги вашите политичари, вашата банка, вашите индустрии за да помогнат на секој начин што можат“, повика актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ➳ benedictwiki (@benedictwiki)

Бенедикт Камбербеч ја освои публиката ширум светот со својата улога во култната телевизиска серија „Sherlock“, а годинава е номиниран за филмската награда Оскар во категоријата „Најдобар актер“ за својот перформанс во филмот „The Power of The Dog“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот