НЕ МОЖЕ ПОДОБРО ОД ОВА: Богдановиќ со звукот на сирената за победа на Јута! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Доцна синоќа беа одиграни 11 натпревари во НБА лигата, од кои неколку беа навистина интересни до самиот крај. Покрај триумфите на Денвер и Сакраменто, возбудливо беше и на дуелите меѓу Јута-Милвоки, Бруклин-Портланд и Далас-Њујорк.

Кошаркарите на Јута победија со звукот на сирената, а херој на „џезерите“ беше хрватскиот интернационалец Бојан Богдановиќ кој погоди троја на 1,3 секунда до крајот и целосно ги шокираше Јанис и Бакси.

Хрватот го заврши дуелот со 33 поени, додека Адетокумбо, кој на клупата мораше превреме поради шест фаули, забележа 30 поени (13 скокови), што беше недоволно да се совлада Јута.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс беа подобри од Мајами со 95:80, а натпреварот го одбележа Леброн Џејмс со поставување на нов рекорд.

„Кралот“ стана третиот играч во НБА историјата кој на 1000 мечеви има 20 поени и повеќе реализирани поени. Во триумфот над Хитси, Леброн запиша 25 поени, а неговите „езерџии“ ја запишаа и седмата победа.

НБА, резултати –

Индијана Пејсерс-Детроит Пистонс 112:106
Орландо Меџик-Мемфис Гризлис 118:86
Вашингтон Визардс-Кливленд Кавалирс 100:113
Атланта Хокс-Сакраменто Кингс 109:121
Минесота Тимбервулвс-Голден Стејт Вориорс 125:119, 110:110 (по 1. продолжение)
Њу Орлеанс Пеликанс-Торонто Репторс 104:122
Далас Маверикс-Њујорк Никс 102:106
Денвер Нагетс-Филаделфија Сиксерс 100:97
Јута Џез-Милвоки Бакс 103:100
Портланд Трејл Блејзерс-Бруклин Нетс 115:119
Лос Анџелес Лејкерс-Мајами Хит 95:80

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот