НБА: Познати двојките за првото коло во плејофот на Истокот
Кошаркарите на Денвер загубија од Лос Анџелес Клиперс со 124:111 во НБА лигата. Во победничките редови доминираа Пол Џорџ со 27 поени и Кавај Ленар со 26, а со 23 се истакна Лу Вилијамс, додека на спротивната страна Џерами Грент запиша 25 поени, а Никола Јокиќ постигна 17 поени, додаде седум скока и 13 асистенции.
Оклахома со тројката на Мајк Мускала на пет секунди пред крајот на мечот го совлада Мајами со резултат 116:115. Торонто со 125:121 беше подобар од Филаделфија, а Индијана славеше над Хјустон (108:104).
По одигрувањето на синоќешните натпревари, утврдени се сите парови од првото коло од плеј-офот во НБА-лигата во Источната конференција.
За потсетување, по паузата поради пандемијата, редовната сезона во НБА лигата продолжи на 31 јули, а сите натпревари се одржуваат во спортски комплекс во Орландо.
Двојките за 1. коло во плејофот на Источната конференција се:
Милвоки (1) – Орландо (8)
Торонто (2) – Бруклин (7)
Бостон (3) – Филаделфија (6)
Мајами (4) – Индијана (5)
Првите натпревари се закажани за 17 август.