НБА играч кој со Леброн освои шампионска титула, се соочува со затворска казна поради шверц на марихуана

Иман Шамперт ја прославува шампионската титула во НБА лигата со Кливленд/фото: EPA/DAVID MAXWELL

Поранешниот НБА кошаркар Иман Шамперт кој со Кливленд кавалирс во 2016 година ја освои титулата, е уапсен на аеродромот во Далас откако во неговиот багаж се пронајдени 200 грама марихуана и полна рамка за пиштол „Глок“ со 14 куршуми.

Шамперт е уапсен на аеродромот „Форт Ворт“ во Далас и доколку биде прогласен за виновен му се заканува затворска казна до две години како и парична казна од 10.000 долари.

Иман Шамперт во НБА влезе како 17 избор на драфтот во 2011 година и беше избран од Њујорк никс за кого играше до 2015 година. Наредните три години ги помина во Кливленд кавалирс каде во 2016 година заедно со Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг ја освои шампионската титула.

Потоа играше и за екипите на Сакраменто кингс, Хјустон рокетс и Бруклин нетс за кого играше до минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот