НБА: Дончиќ сам ги победи „воините“
Лука Дончиќ беше ѕвезда на вечерта во НБА лигата откако со 39 поени речиси сам го совлада Голден Стејт вориорс.
Далас славеше со 133:103, а за тоа колку добро одиграа „дивите телиња“ најдобро покажува резултатот од полувремето (62:29). Во редовите на Голден Стејт, најпрецизен беше Стеф Кари со 27 постигнати поени.
Оклахома сити направи изненадување и успеа да го победи Бостон со 119:115 со што ја прекина серијата од дури 14 порази по ред. Одлична партија прикажа Лу Дорт кој даде 24 поени, додека Дариус Бизли уфрли21 поен.
Милвоки бакс со враќањето на Јанис Адетокумпо во тимот им се врати и на победите и со 114:104 го совлада Шарлот. Адетокумпо со 29 поени беше најзаслужен за победата која ја заверија со серијата 9:3 во последните две минути од натпреварот.
Портланд оствари убедлив триумф над Индијана од 133:112. Сите дилеми околу победникот беа решени во третата четвртина која Портланд ја доби со 40:16. Интересно, Демиен Лилард не беше најефикасен во својот тим бидејќи Анфрани Симонс постигна 27 поени, четири повеќе од Лилард.
Екипата на Бруклин нетс со победата од 116:103 над Торонто, го обезбеди првото место во Источната конференција во плеј-офот. Бруклин со серијата од 16:2 во последната четвртина ги решија дилемите околу победникот, а Кевин Дурент постигна 17 поени во вториот натпревар по враќањето на паркетите по повредата.
Резултати:
Бостон – Оклахома 115:119
Шарлот – Милвоки 104:114
Индијана – Портланд 112:133
Торонто – Бруклин 103:116
Хјустон – Минесота 107:114
Голден Стејт – Далас 103:133