Навивачите разочарани од Реал Мадрид

Дебаклот од 7:3 од градскиот ривал, Атлетико Мадрид, ги запали алармите кај навивачите на Реал Мадрид. Навивачите се незадоволни од начинот на кој играат новите фудбалери за кои клубот потроши нешто повеќе од 300 милиони евра, а уште поголем проблем претставува тешката повреда на Марко Асенсио кој ќе ја пропушти целата сезона.

Во анкета на весникот „Марка“ на која учествуваат околу 200.000 навивачи на Реал Мадрид, повеќе од 70 проценти од испитаниците сметаат дека трансфер политиката на клубот е лоша и дека средниот ред не е доволно силен.

Според навивачите, од новите засилувања единствено Еден Азар е способен да игра во првиот тим, додека однесувањето на староседелците Начо, Марсело, Тони Крос, Лукас Васкез, Иско, Карим Бензема и Лука Модриќ  на подготовките било „проблематично“.

Дури четири од шест испитаници се против идејата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, да го купи Нејмар од ПСЖ.
Реал Мадрид во летниот преоден рок досега ги ангажира Еден Азар (100 милиони евра), Лука Јовиќ (50 милиони), Еден Милитао (50 милиони), Ферлан Менди (48 милиони ) и Родриго (45 милиони).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот