Научниците предупредуваат: Луѓето што трчаат и возат велосипеди во паркови треба да бидат оддалечени и до 20 метри

Фото: Архива/Слободен печат

Иако на граѓаните им се препорачува да останат дома и да не излегуваат ако нема потреба за тоа, парковите и просторите за рекреација се и понатаму добро пополнети во целата земја.

Не е тоа случај само тука, речиси сите земји кои е погодени од коронавирусот јавуваат дека со доаѓањето на убавото време, граѓаните и покрај забраните како тие во Париз, се повеќе излегуваат за рекреација, трчање или возење на велосипед што и не би требало да биде проблем ако се придружуваат до мерките за социјално дистанцирање и ако не се групираат.

Но, според истражување на научниците од белгискиот универзитет во Левен и холандскиот во Ајндховен два метри оддалеченост меѓу луѓето кои се во движење можеби не е доволно. Екипата под водство на Берт Блокен, кој работи на двата универзитети проучувала како капките на различни телесни течности се однесуваат додека телото е во движење. Додека трчаат или возат велосипед, лицата се потат, подлабоко дишат па силното издишување многу подалеку ги исфрла капките.

До 20 метри на велосипед

Според таа студија, луѓето додека еден позади друг би требало да одржуваат околу четири метри оддалеченост за да се остави доволно простор на капките да паднат на земјата. Кога станува збор за трчање или побавно возење на велосипед, луѓето би требале да бидат оддалечени десет метри, а при брзо возење на велосипед и до 20 метри едни од други за да се избегне евентуално пренесување на заразата.

Но, не се сложуваат сите научници со екипата на Блокен, па Стивен Фергусон, експерт за динамиката на движење на капките, рекол дека е невозможно така да се генерализира.

„За симулацијата да би била веродостојна мора да се земе во обзир различниот облик на носен канал и шуплина кај луѓето, а со тоа и фактот дека не испушта секој еднаква количина и капки од иста големина. Тоа не може само така да се пресмета користејќи закони на аеродинамика, а посебно не во толку краток рок во време на ваква криза“, смета Фергусон, кој додава дека луѓето не би требало да престанат со рекреација, но дека тоа мораат да го прават со многу поголема доза на внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот