Научници тврдат дека бројот на заболени со Ковид-19 во Германија е 10 пати поголем од официјалните случаи

ФОТО: EPA / MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Истражувањето го водеше директорот на Институтот за вирологија од Универзитетот во Бон, Хендрик Штек.

Во Германија има околу 1.8 милиони заразени со новиот коронавирус, истакнаа група научници од Универзитетот во Бон во студија.

„Овој скриен број е 10 пати поголем од вкупниот број официјално објавени случаи”, се вели во извештајот.

Истражувањето го водеше директорот на Институтот за вирологија од Универзитетот во Бон, Хендрик Штек.

.Штек заедно со научниците ја испитале состојбата во општината Гангелт во округот Хајнсберг, Северна Рајна-Вестфалија, што се смета за епицентар на епидемијата на Ковид-19 во Германија.

Научниците заклучиле дека 22 проценти од населението во оваа област биле позитивни на новиот коронавирус, но без никакви симптоми.

Според последните податоци на Институтот за вирологија Роберт Кох при германското Министерство за здравство, во Германија има 163.175 заразени со Ковид-19, 679 повеќе од вчера, а починати се 6.692 лица. 

Целото истражување е достапно тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот