Научниците не можат да ја дешифрираат новооткриената книга со повез од човечка кожа

Фото: Pexels/Suzy Hazelwood

Истражувачите тврдат дека во светот има неколку десетици книги со антроподермичен повез, односно повез од човечка кожа, а сега е откриен еден таков примерок во Казахстан, пишува „Национална географија“.

Конрад фон Уфенбах го спомна овој необичен повез за прв пат за време на неговата посета на Бремен на почетокот на 18 век, а за време на Француската револуција имаше гласини дека има работилници надвор од Париз кои правеле корици на книги од човечка кожа. Денес, повеќето од зачуваните примерци потекнуваат од 19 век, а многу луѓе сè уште се прашуваат кој ги направил и зошто.


Експертите велат дека одговорни за создавање на овие необични се лекарите, бидејќи тие имале пристап до трупови, претежно криминалци, кои ги дереле и од нивната кожа правеле корици за книги. Една од теориите е дека меѓу нив имало дела познати како „Танцот на смртта“, уметнички жанр што ја дискутирал универзалноста на смртта.

Деновиве во фокусот на интересот на светската јавност е книга која е изложена во Музејот на ретки публикации, кој се наоѓа во Националната библиотека во главниот град на Казахстан. Ова дело, кое постои од 2014 година, досега беше познато по тоа што само 10 од неговите 330 страници се дешифрирани, меѓутоа, кога научниците решија да го испитаат потеклото на кожата од која е направено, открија дека корицата е направена од човечка кожа.

Ова мистериозно дело било напишано на латински во текот на 16 век и му припаѓало на нотар по име Петрус Пуардис, по потекло од северна Италија. Како што веќе споменавме, најголемиот дел од неговата содржина засега е тајна, а она што експертите од Франција успеаја да го дешифрираат се белешки за сметки, заеми и хипотеки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот