Научниците го развија првиот тест за крв за дијагностицирање на синдром на хроничен замор
Научници од Универзитетот во Источна Англија го развија првиот тест за крв што може да дијагностицира синдром на хроничен замор (СХУ), познат и како „ME/CFS“, со точност од 96 проценти.
Препорачано
Ова нарушување, кое зафаќа околу 12,3 проценти од Европејците, се карактеризира со исцрпувачки замор што не се ублажува со одмор, а поставувањето дијагноза досега беше исклучително тешко, пишува „Скај њуз“.
Тестот работи со анализа на епигенетски обрасци во ДНК – хемиски ознаки што укажуваат како гените се „вклучени“ или „исклучени“.
Истражувачите откриле дека пациентите со СХУ имаат специфичен епигенетски потпис што е јасно различен од здравите лица.
Професорот Дмитриј Пшежецки, кој го водеше истражувањето, истакна дека овој тест може да овозможи порана и попрецизна дијагноза, како и подобар третман на пациентите.
Тој додаде дека технологијата може да се користи за развој на сличен тест за дијагностицирање на долгорочен ковид.
Сепак, други експерти предупредуваат дека треба да се спроведат дополнителни, независни клинички студии пред тестот да им биде достапен на пациентите.
Професорот Крис Понтинг од Универзитетот во Единбург изјави дека тестот, дури и ако неговата ефикасност се потврди, може да биде скап – околу 1.100 евра по примерок.


