Наспроти препораките на експертите, Владата ја избра најскапата траса за ветениот пат Тетово-Призрен

Фото: Порталб

Владата ја одобри трасата низ која ќе треба да минува ветениот пат Тетово-Призрен преку Шар Планина. Според физибилити студијата направена во 2013 година, должината на патот треба да биде 40,6 километри и тој ќе биде поврзан со тунел долг 6,4 километри. Избраната варијанта е поскапа од онаа која ја препорачаа експертите кои ја изработија анализата за економската оправданост – според нив, најдобрата траса е варијантата со тунел од 3,2 километри, пишува Порталб.мк.

Според владината одлука, патот Тетово-Призрен ќе оди преку селата Шипковица, Бродец, Вешала и потоа ќе продолжи кон подножјето на врвот Кобилица и границата со Косово, каде што ќе се пробива тунелот долг 6,4 километри, а на косовска страна патот би продолжил преку селата Манастирица и Речане кон Призрен.

Од Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) велат дека по одобрувањето на трасата, во тек се работите за програмата за проектирање.

„Што се однесува до активностите поврзани со проектот за изградба на патот Тетово – Призрен, ве известуваме дека по одобрението од Владата, Градежниот факултет веќе работи на програмата за проектирање на трасата на патот“, велат за Порталб.мк од ЈПДП.

„За понатамошно развивање на пријателските односи со Република Македонија, министерството предлага одобрување на иницијативата за склучување на договор за кофинансирање за проектирање на деталниот проект за изградба на патот Призрен-Тетово меѓу Република Косово и Република Македонија“, рече заменик-министерката за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Линда Чавдарбаша, при предлагањето на иницијативата на владина седница.

Партиските функционери на владејачкото Движење Самоопределување, вчерашното одобрување на Владата на Косово го нарекоа „продолжение на исполнувањето на ветувањата“, иако ова ветување нема ниту почеток ниту крај. Не се знае точно колку ќе чини овој пат. Косовската страна изјави дека трошоците за изградбата од нивна страна може да достигнт 150 милиони евра, додека во Македонија властите никогаш не дадоа конкретна бројка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот