НАСА: Луѓето ќе живеат на Месечината во наредните десет години

Полна месечина
Полна месечина / Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Како што соопштија од НАСА за „Би-би-си“, извесно е дека луѓето ќе имаат прилика да живеат на Месечината уште во текот на оваа деценија. Хауард Ху, водител на програмата за лунарното летало Орион, изјави дека станиците на Месечината ќе бидат потребни за поддршка на идните мисии.

Ху порача дека лансирањето на ракетата Артемис, која го носи Орион, а се случи пред неколку дека, е историски ден за летовите во вселената. Моментално, Орион е оддалечен околу 134.000 км од Месечината.

„Тоа е првиот чекор кој го преземаме во долгорочното истражување на вселената, не само за САД , туку и за целиот свет. И не мислам дека ова е историски ден само за НАСА, туку и за сите луѓе кои сакаат да летаат во вселената и да ја истражуваат. Се враќаме на Месечината. Работиме на одржлива програма и ова е возилото кое ќе ги превезува луѓето кои ќе се вратат на Месечината“ изјави Ху.

Тој објасни дека ако овој лет на Артемис биде успешен, наредниот ќе биде со екипаж, после што ќе следува третиот лет, каде што астронаутите повторно ќе слетаат на Месечината, за првпат после Аполо 17 во декември 1972 година.

Ху призна и дека следењето на оваа мисија од Земјата е како да се загрижени родители, но вели дека фотографиите и видеата кои ги испраќа Орион навистина поттикнуваат таква возбуда.

Една од најкритичните фази на мисијата Артемис е безбедното враќање на модулоот Орион на Земјата. Повторно ќе влезе во атмосферата на Земјата со брзина од 38.000 км/ч или 32 пати побрзо од брзината на звукот, а штитот на долната страна ќе биде изложен на температури од околу 3 000 степени Целзиусови.

Откако ќе бидат тестирани и докажани компонентите и системите на Артемис, Ху вели дека планот е луѓето да живеат на Месечината до крајот на оваа деценија. Една од причините за враќањето на Месечината е да се открие дали има вода на јужнот пол, затоа што тоа може да биде гориво за леталата кои одат подлабоко во вселената.

„Ќе испратиме луѓе на површината и тие ќе живеат таму и ќе се занимаваат со наука. За нас ќе биде многу важно да научиме да живееме надвор од орбитата на Земјата и да направиме уште поголем чекор кога ќе стапнеме на Марс“, објасни Ху.

Капсулата Орион треба да се врати на Земјата на 11 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот