Напред „рисови“: Подготвени дресовите за мечот против Словенија! (ФОТО)

фото/фејсбук

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација денеска против Словенија од 20.45 часот ќе го игра седмиот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2020 година.

Три бода секако ќе значат многу, бидејќи така ќе се вмешаме сериозно за една од првите две позиции кои водат на континенталниот собир.

Во меѓувреме Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави со каква боја на дресовите ќе излезат вечерва избраниците на селекторот Игор Ангеловски.

„Рисовите“ предводени од капитенот Горан Пандев без сомнение ќе го дадат максимумот пред полните трибини на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот