Наполи се предомисли: Елмас и соиграчите нема да тренираат!

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

После Лацио, кој исто така доби критики поради најавите дека ќе тренира, денеска и екипата од „Сан Паоло“ донесе одлука да ги откаже закажаните тренинзи.

Пред три дена калчолигашот од Неапол објави информација дека на 25 март ќе има утринска тренинг сесија.

Ваквата одлука наиде на бурни реакции кај навивачите на овој клуб кои сметаат дека поради епидемијата на коронавирусот, не е паметно во овој период „наполитанците“ да тренираат.

После Лацио, кој исто така доби критики поради најавите дека ќе тренира, денеска и екипата од „Сан Паоло“ донесе одлука да ги откаже закажаните тренинзи.

– Наполи сака да ве извести дека сите спортски активности се суспендирани на неодредено време. Датумот на новиот почеток на тренажниот процес ќе биде објавен во согласност со развојот на здравствената и безбедносната состојба, и со вирусот „Ковид-19“ – соопштија од Наполи.

До прекинот на сезоната во италијанската Серија А македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи се наоѓаа на шестото место со 39 бодови.

Во Италија се потврдени повеќе од 60.000 активни случаи на коронавирус, излечени се повеќе од 7.000 лица, а починати над 6.000.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот