Наполи казнува: Еден играч плаќа 200.000 евра, цел тим ДВА МИЛИОНИ!

Како што информираат медиумите од Апенините, управата на Наполи го казни бразилскиот фудбалер Алан со 200.000 евра, што е половина од неговите месечни примања.

Т.н. акција „Карантин“ би требало наскоро да добие епилог, Де Лаурентис одлучи финансиски да казни неколку фудбалери. Алан е казнет поради конфликтот со синот на газдата, Едо де Лаурентис после натпреварот со Салцбург.

Но, италијанските медиуми пренесуваат дека казната е противзаконска, бидејќи по членот 11 на колективниот договор, никој не може да биде казнет со повеќе од 25% месечна заработка, а на Бразилецот му е одземена половина од примањата.

Неодамна првиот човек на клубот, Аурелио де Лаурентис најави дека ќе ги „дисциплинира“ фудбалерите и дека казни ќе има од 20.000 до 225.000 евра. Според „Кориере дело Спорт“ казната на сите играчи ќе изнесува околу 2.500.000 евра.

Конфликтот меѓу управата и играчите на Наполи трае веќе подолг период и истиот изгледа нема намера скоро да заврши. Наполи е без победа веќе шест месеци, откако во саботата ремизираше 1:1 на „Сан Сиро“ против Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот