Цел меч за Елмас, Наполи ремизираше со Милан! (ВИДЕО)

EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска во дербито од 13. коло во најсилното италијанско првенство ремизираа Милан и Наполи (1:1), головите беа постигнати во текот на првото полувреме.

Поведоа „наполитанците“ со голот на Лозано (24`), но нивната радост траеше само пет минути, бидејќи израмни Бонавентура (29`) после асистенцијата на Круниќ. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во дресот на Наполи и го одигра целиот меч на „Сан Сиро“ и воедно доби жолт картон во 70. минута од средбата.

Веќе пет натпревари по ред составот на Карло Анчелоти не знае за триумф во шампионатот, останува на седмото место со 20 бодови, а Милан е на 13. место со 14 бодови.

Во наредните пресметки на 1. декември Наполи дома ќе игра против Болоња, а Милан е гостин на тимот на Парма. Претходно саботната програма беше отворена со триумфот на бранителот на титулата Јувентус на гостувањето кај Аталанта (1:3).

Вечерва ќе се одигра уште еден дуел, од 20.45 часот силите ќе ги одмерат екипите на Торино и Интер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот