Серија А: Јувентус „гази“ и без Роналдо! (ВИДЕО)

фото:твитер

„Старата дама“ успешно се врати од незгодното гостување во кое играше без својата најголема ѕвезда, Кристијано Роналдо, но и покрај тоа во главна улога се најдоа Гонзало Игуаин и Пауло Дибала.

Аталанта можеше да биде во водство уште во првото полувреме, но непрецизен од белата точка беше Бароу. Но, во 56. минута сепак успеа да дојде во позитива благодарение и Госенса.

Пресвртот се случи во последните 15 минути од средбата, Игуаин двапати се запиша во листата на стрелците во 74. и 82. минута, а конечниот епилог го постави Дибала.

„Старата дама“ која ја брани титулата останува на врвот во генералниот пласман со 35 бодови, четири повеќе од второпласираниот интер кој има меч против Торино во рамките од 13. коло.

Во саботната програма ќе се одигра уште еден натпревар, Наполи на нашиот Елиф Елмас гостува кај Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот