НАПНАТА ДИСКУСИЈА МЕЃУ ХРВАТИТЕ И СРБИТЕ: Градоначалникот на Вуковар „збесна“ во Градското собрание

Фото: Профимедиа

На седницата на Градското собрание на Вуковар, на дневниот ред беше донесување на предлог Заклучокот за достигнатите степени на разбирање, солидарност, толеранција и дијалог меѓу граѓаните.

Седницата, која според пишувањата на „Индекс“ била напната од самиот почеток, се претворила во хаос.

Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава, во еден момент на седницата целосно „полудел“. Го земал предлог-статутот испечатен на српско кирилично писмо кои го донеле српските претставници и го фрлил на под.

– Ова го сметам за српска аргресија. Вуковар нема да клекне и да падне под реториката за голема Србија и нивната агресија – рекол Пенава.

Пенава го фрлил статутот кој е напишан на српско крилично писмо, го подигнал и повторно го фрлил. Потоа им се заканувал на Србите, пишува хрватски „Индекс“.

Статутот на градоначалникот се обидел да му го врачи претседателот на Градскиот одбор и советникот во градското собрание Срѓан Колар, откако расправата тргнала во лоша насока, па повикал на дијалог. Инаку, станува збор за статут кој вчера во јавноста го претставни Српскиот народен совет во Загреб.

Потоа, Пенава продолжил со заканите кон Србите.

– Ваши пример се четничките шубари и спомениците кои го опркужуваат овој град. Вас ве интересира она што не успеавте да го направите во 1991 година, да воведете кирилица во овој град. Силуваните жени не ве интересираат. Мртвите деца не ве интересираат! Ако треба, на српската агресија ќе се спротиставам вчера, денес и утре со сите средства – рекол тој.

Иван Пенава претходно рече дека нема услови за зголемување на правата на Србите во Вуковар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот