Напаѓачот од Дејтон имал листа на лица кои сакал да ги убие: Одам во пеколот и не се враќам (ФОТО)

фото: Принтскрин

Во САД и натаму се истражуваат причините за крвавиот пир во Дејтон, во кој Конор Бетс уби најмалку 10 лица во неделата.

Неколку часа пред нападот на Твитер профилот за кој се верува дека е негов, биле забележани лајкови за пукањето во Ел Пасо. Бетс испукал 41 куршум за неколку секунди, пред да биде убиен, соопштила полицијата.

Тој на својот Твитер напишал „Одам во пекол и не се враќам“.

Поранешни училишни другари тврделе дека убиецот имал листа со имиња на ученици кои сака да ги убие или силува.

Напаѓачот им се заканувал на девојките од кои бил одбиен, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Медиумите пренесуваат и дека еднаш полицијата го натерала да се симне од училишниот автобус. Една од соученичките на Бетс кажала за листата, па нејзината мајка ја контактирала полицијата.

Бетс бил префрлен од едно во друго училиште, но по година дена повторно се вратил во старото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот