Наоми Кемпбел повторно ја изненади јавноста: Сликите од манекенката како гола се вози во метро, го заобиколија светот! (ФОТО)

Фотографија: Profimedia

Наоми Кемпбел повторно го изненади светот и покажа дека е непокорлива, дури и со своите 50 години кои ги наполни вчера.

Токму на нејзинитот јубилеен роденден таа објави слика која досега е невидена, на која позира потполно гола.

Некогашниот топ-модел, „Црниот пантер“, се соблече за потребите на снимањето во метрото во Њујорк, а сликата е од февруари 2019 година и објавена е во црно-бела резолуција на официјалната инстаграм-страна на Валентино.

„Ми рекоа дека ќе траам само 11 години, но еве ме денес славам 33 години во модната индустрија. Се чувствувам благословена и исклучително благодарна на Бога. Благодарам на мојата мајка Валери Морис што веруваше во моите соништа уште како 3-годишно девојче и што ми дозволи да бидам тоа што сум. Твојата љубов и подршка беа покрај мене и во добрите и во лошите времиња. Те сакам мамо“, напиша Наоми минатата година на друштвените мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот