Наоми Кемпбел ѝ се врати на јавноста после шест месеци: „Црниот пантер“ ги откри градите, позирајќи само во сако! (ФОТО)
Сигурни сме дека оваа убавица ѝ недостигаше на јавноста повеќе од кога било, но на радост на сите оние кои го сакаат „Црниот пантер“, Наоми Кемпбел (51) по шест месеци се врати „на сцената“.
Оваа светска убавица објави три фотографии на Инстаграм на кои блескаше во бел костум.
Таа немаше ништо под закопчаната јакна, па ја скокотна фантазијата на милиони обожаватели кои ја следат, а на Инстаграм има скоро 10 милиони верни фанови.
„Моето прво појавување во јавноста по шест месеци“, напиша Наоми.
Искусна како и секогаш, позираше со насмевка додека седеше во автомобилот, но и додека излегуваше од него. Без разлика дали е на писта или на некое друго место, дури и на 51 година, Наоми никогаш не остава никого рамнодушен.
Нејзиниот пост го коментираше и Линда Евангелиста, исто така една од најпознатите светски топ модели, која шеташе по модните писти во времето на Наоми.