Налутен татко му пратил писмо на момчето што ѝ ја „украло“ невиноста на ќерка му

Американец бил шокиран кога на неговата домашна адреса пристигнало писмо од таткото на неговата поранешна девојка, со која раскинал пред 10 години.  

Во писмото, таткото кој себеси се декларирал како голем верник, го обвинува поранешното момче на неговата „мила ќерка“ дека ѝ ја „украл невиноста“ и со тоа лично нему му нанел голема штета. Лутиот татко во писмото навел дека со тоа што на ќерка му ѝ е „украдена“ невиноста, нему му била скратена можноста  ќерка си  „чиста и невина“ да му ја предаде на човекот со кого сака да стапи во брак.


„Поминаа веќе десет години откако дознав дека ѝ ја украде невиноста на ќерка ми. Најпрвин кога дознав, се обидував да ти простам. бидејќи покажа дека искрено се каеш тогаш кога и лично се соочив со тебе. Но, кога дознав дека тоа истото си им го правел и на други девојки и дека си се однесувал како да си победил во некоја игра, морав да го повлечам овој потег“, напишал во писмото лутиот татко.

Тој меѓу другото, објаснил и дека во тој период ја проучувал Библијата каде што се обидувал да најде одговори на прашањето што си го поставувал една деценија, а тоа е како најдобро да постапи со поранешното момче на ќерката.


Но, бидејќи никаде не можел да најде одговори за својата дилема, како што напишал во писмото, станувал сѐ побесен. Тој, меѓу другото, напишал „толку сум лут и бесен што со задоволство би те убил по долго и екстремно мачење, со што би ти го уништил целото тело“.

Сепак, тој додал во писмото дека нема да може да го направи тоа што го посакува, бидејќи многу му е посветен на Исус.


Исто така, овој татко навел дека, додека се занимавал со проучување на Библијата, дошол до бројката 49 години кои му ги должи поранешното момче на неговата ќерка. Затоа почнал секојдневно да му се моли на Бога да ја искупи невиноста на неговата ќерка, со тоа што ќе му одземе 49 години од животот на момчето. 

„Постојано му се молам на Бога да го земе од тебе и да ми го даде мене највредното нешто што го имаш во животот. Јас знам дека за тебе е највредна твојата младост, бидејќи тоа што го правиш е благодарение на тоа што си млад. Кога му се молам на Бога, од него барам да ни ги замени годините. Барам ти да станеш старец, а мене да ме подмлади за 49 години. Можеби си забележал, а можеби не. Но, молитвите почнаа да се остваруваат, бидејќи ти за многу кратко време многу се промени и почна наеднаш да старееш. Биди сигурен дека за тоа нема никаква медицинска причина, туку станува збор за Божја казна. Под никаков услов нема да ти го вратам тоа што ти го земав, бидејќи ништо што би направил ти сега, нема да ѝ ја врати невиноста на мојата ќерка“, напишал таткото во писмото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот