Налозите на Твитер на Гејтс, Маск, Безос и Бајден се хакирани

Твитер / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Официјалните налози на Твитер на милијардерите Бил Гејтс, Елон Маск и Џеф Безос, кандидатот за демократски претседател на САД, Џо Бајден, како и компаниите „Епл” и „Убер”, најверојатно се хакирани, а на нив се објавени пораки во кои се бараат донации во биткоини.

Многу од тие пораки беа избришани, јавија американски медиуми.

Твитер објави преку е-пошта дека истражува што се случило и најави дека наскоро ќе соопшти детали.

Си-Ен-Ен наведува дека слични пораки кои бараат донации преку биткоин, се појавиле и на профилите на Канје Вест и Мајкл Блумберг.

„Сите бараат од мене да вратам нешто и сега е време”, објави Гејтс на Твитер и вети дека ќе ги удвои исплатите на биткоин во наредните 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот