Највисоки плати во Владата земаат Заев и Спасовски, Шахпаска и Шеќеринска со најголем стаж

Според списокот на исплатени плати во декември 2020 година кој го објави Владата, најголема плата зема премиерот Зоран Заев (87.813 денари), а веднаш зад него е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со 85.113 денари вкупна нето плата. На третото место според висината на платата се најде министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со 74.273 денари.

Министрите Фатмир Битиќи и Никола Димитров имаат идентична плата од 71.385 денари, министерот за надворешни работи Бујар Османи како и вицепремиерот Артан Груби се со плата од 70.102 денари.

Мила Царовска на позицијата Министер за образование и наука во декември земала вкупна нето плата во износ од 67.537 денари, додека нејзината колешка за култура Ирена Стефоска примила плата од  72.670 денари.

Според листата од Владата со најголем стаж од сите е министерката Шахпаска (28 години), по е Радмила Шекеринска со 24 години стаж, а потоа Стефоска со 23. Премиерот има 22 години работен стаж, додека Царовска има вкупно 7 години стаж што кореспондира со нејзиното министерување во владите на Зоран Заев.

Најмал стаж меѓу министрите има Насер Нуредени кој ја извршува функцијата министер за животна средина и просторно планирање со само една година работен стаж, додека тоа за министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири воопшто не се внесени податоци.

Извор: Влада на РСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот