Најубавите цитати од Ерих Фром кои даваат одговор на најважните прашања, несреќната судбина на многумина е последица на изборот што не го направиле

facebook

20 цитати од големиот германски филозоф и психолог Ерих Фром кои никого нема да остават рамнодушен.

Прочитајте ги овие 20 цитати од Ерих Фром за полесно да разберете што е вистинска љубов, среќа, слобода, осаменост, неспокој…

– Не мораме никому ништо да објаснуваме и да одговараме, додека нашите постапки не предизвикуваат болка или не влијаат на другите. Колку само животи биле уништени поради неопходноста на објаснувањето, кое обично подразбира – „за да ве разберат“, односно за да се оправдате. Слободниот човек е должен да објаснува нешто само на самиот себе – на својот ум и на својата свест – и на малубројните кои имаат право да побараат објаснување.

– Ако сакам се грижам, односно активно учествувам во развојот и среќата на другата личност, не сум набљудувач.

– Целта на човекот е да биде свој, а услов за постигнување на таа цел е да биде човек за себе. Не е тоа самоодрекување или самољубие, туку љубов кон себе, не е отфрлање на индивидуалното – туку утврдување на своето сопствено човечко „јас“.

– Ние сме тоа што сме си сугерирале на самите себе и тоа што другите ни сугерирале за нас.

– За човекот сè е важно, освен неговиот сопствен живот и уметноста на живеењето. Тој постои поради било што, само не поради самиот себе.

– Сигурен сум дека никој не може да го „спаси“ својот близок правејќи избор за него. Сè во што може еден човек да му помогне на друг е да му го открие тоа вистински и со љубов, но без сентименталност и илузија, без постоење на алтернатива.

– Ако детската љубов произлегува од принципот „јас сакам, затоа што сум сакан“, зрелата љубов произлегува од принципот „јас сакам, затоа што јас сакам“. Незрелата љубов вели „ те сакам затоа што си ми потребен“, додека зрелата љубов вели „ потребен си ми, затоа што те сакам“.

– Ако човекот ја доживува љубовта според принципот на поседување, тоа значи дека тој тежнее да го остави објектот на својата љубов без слобода и да го држи под контрола. Таквата љубов не дарува живот, туку го задушува, уништува, убива.

– Ако човекот е способен потполно да сака, тогаш тој се сака и себеси, ако тој може да сака само други, тогаш тој не може воопшто да сака.

– Ако личноста може да живее без присила, не автоматски туку спонтано, тогаш себеси се сфаќа како активна креативна личност и разбира дека животот има само едно значење – самиот живот.

– Обично се смета дека вљубеноста е врв на љубовта, во тоа време кога сме на самиот почеток и кога сме пред можноста за стекнување на љубов. Обично се смета дека тоа е резултат на таинственост и наклонетост на двајца луѓе еден кон друг, после случувањето кое се одвива само по себе. Да, осаменоста и сексуалната желба прават од вљубеноста лесен чин, и тука не постои ништо мистериозно, но тоа е успех кој си заминува еднакво брзо како што и дошол. Случајно сакање не постои, твојата способност да сакаш предизвикува љубов, исто така како што и заинтересираноста го прави човекот интересен.

– Човек кој не може да создава, сака да уништува.

– Несреќната судбина на многу луѓе е резултат од нивниот избор. Не се ниту живи ниту мртви. Животот се покажува како товар, непроценлива окупација, а делата се само средство за заштита од болка во кралството на сенките.

-Иако звучи чудно, но умешноста да се биде сам е предуслов за способност да се сака.

– Колку што е важно да се избегнуваат празните приказни, исто толку е важно да се избегнува лошо друштво. Под „лошо друштво“ јас ги сметам не само порочните луѓе – нивното друштво треба да се избегнува поради тешките и штетни влијанија. Имам предвид такво друштво – друштво „зомби“ чија душа е мртва, иако телото е живо, луѓе со празни мисли и зборови, луѓе кои не разговараат туку зборуваат, не мислат туку го искажуваат нивното мислење.

– Ако другите луѓе не го разбираат нашето однесување, што е тоа? Нивната желба да правиме само така како што они разбираат, тоа е обид да ни диктираат. Ако тоа значи да се биде „асоцијален“ или „нерационален“ во нивните очи, ако, нека биде! Најмногу ги навредува нашата слобода и нашата храброст да бидеме свои.

– Нашиот морален проблем, тоа е рамнодушноста на човекот кон самиот себе.

– Човекот е центар и цел на својот живот. Развојот на својата личност, реализацијата на својот внатрешен потенцијал е највисоката цел, која едноставно не може да се менува или да зависи од други наводно повисоки цели.

– Несреќната судбина на многу луѓе е последица на изборот што не го направиле.

– Во саканата личнот треба да се пронајдеш себе, а не да се изгубиш во неа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот