Најстудено на Попова Шапка, снег во Ѓуриште

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, во Маврови Анови и во Крушево се измерени -2, во Берово 1, а максимални шест степени се регистрирани во Гевгелија.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека висината на снежната покривка во 8 часот во Ѓуриште е еден сантиметар.

Најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Демир Капија, каде се измерени 10 литри на метар квадратен, во Скопје-Петровец и Пожаране 9 литри, во Маврови Анови 8 литри. По нив, според мерењата на УХМР,  следат Битола со 6 литри, Берово со  5, Гевгелија и Крушево со 4 литри, Крива Паланка со три, Тетово и Попова Шапка со два и во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Куманово со литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег, особено во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд попладне и со умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот