Најплатениот играч на Арсенал не е регистриран ни за Премиер лигата!

Беше јасно уште од претходно, но сега е и официјално. Арсенал не е на списокот играчи кај менаџерот Микел Артета за новата сезона во Премиер лигата.

Еден од најискусните играчи кај „топчиите“ не се најде ниту на списокот за натпреварите од второто по квалитет натпреварување на Стариот континент, Лига Европа.

Со информацијата дека не е регистиран за мечевите во Премиер лигата, тоа значи дека Германецот не може да игра за клубот од „Емирати“ до февруари 2021 година.

Така, Озил вкупно четири месеци ќе биде без фудбалски натпревари, а можеби тоа нема толку тешко да му падне, со оглед на тоа што заработува 350.000 илјади фунти, што го прави најплатен играч во тимот од Лондон.

Покрај Озил, Артета донесе одлука да се „откаже“ и од услугите на грчкиот интернационалец, Сократис Папастатопулос.

– Сакав тоа лично да им го кажам. Ги објаснив причините и навистина ми беше тешко, но тие се ограничувањата и правилата и играчите мора да ја почитуваат одлуката и да пробаат да тренираат на најдобар можен начин, да му помогнат на тимот колку што можат и потоа ќе видиме што ќе се случи – рече Артета.

Германецот последен пат играше за Арсенал во март годинава против Вест Хем. После тој натпревар следеше пауза во сезоната поради пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот