Најмоќната земја во ЕУ „потона“ во техничка рецесија

„Дестасис“ соопшти дека Германија во вториот квартал од годинава потона во техничка рецесија. БДП на Германија во тој период се намали за 0,1 отсто.

Во вториот квартал до израз дојдоа сите негативни последици од трговската војна. Освен тоа во германската економија во вториот квартал има и пад на инвестиции во градежништвото.

Според аналитичари, таква состојна не е неочекувана. Ифо институтот во најновата проценка на расположение на германските потрошувачи го намален индексот на оптимизам од веќе негативните 2,1 во јуни на негативни 5,7 во јули што е најниско ниво во изминатите седум години. Тоа е и првпат „економските песимисти” во Германија да ги надминат оптимистите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот