Најмалку осум избодени со нож во Шведска: Постои сомневање дека се работи за терористички напад

epa08899677 Travellers from Denmark are met by swedish police in protective masks at the border control point at Hyllie station in Malmo, Sweden, 22 December 2020. The swedish government shut the border after a mutated strain of the coronavirus was discovered in Denmark. EPA-EFE/Johan Nilsson/TT SWEDEN OUT

Најмалку осум лица биле избодени со нож во напад што се случил во шведската општина Ветландa, пренесуваат светските медиуми.

Како што пренесува „Спутник“, локалните медиуми тврдат дека според првите информации станува збор за наводен терористички напад.

– Според извештаите во медиумите, маж на 20-годишна возраст бил осомничен за нападот. Тој бил застрелан од полицајци за време на апсењето, изјави портпаролката на полицијата Анџелика Исраелсон Силвер.

Таа посочи дека засега не е позната тежината на неговите повреди, но рече дека полицијата го гледала во болницата каде што бил сместен.

За време на полициската акција, неколку делови од Ветландa беа блокирани, вклучително и областа околу железничката станица. Железничкиот сообраќај првично беше запрен поради инцидентот, но истиот беше обновен во намален капацитет, пренесува СВТ.

Засега нема индиции дека напаѓачот имал соучесници, а органите за спроведување на законот објавија дека ситуацијата во тој дел на Шведска е под контрола.

Според СВТ, полицијата примила пријава за инцидентот околу 15 часот по локално време, а граѓаните велат дека неколку лица биле нападнати со секира.

Локалните медиуми наведуваат дека полицијата првично го истражувала обидот за убиство, но потоа злосторството било претворено во можен терористички напад.

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот