Најмалку 11 мртви во гранатирање на родниот град на Зеленски

Украина Бахмут тенкови/ Фото: Mustafa Ciftci / AFP / Profimedia

Најмалку 11 цивили загинале, а десетици се ранети во нападот на јужниот украински регион Криви Рих, родниот крај на украинскиот претседател Володомир Зеленски, соопштија локалните власти.

-Од 25 повредени, двајца се здобиле со тешки изгореници и се во критична состојба, изјави главниот лекар на една од градските болници.

Гранатирањето на петкатница, според британските медиуми, уби четири, а седум лица загинаа во напад на магацин за газирани пијалоци.

Градоначалникот Олександр Билкул изјави дека ниту една од целите немала воени врски.
Станарката Олха Черноусова појасни дека била разбудена од експлозијата у исфрлена од нејзиниот кревет.

Во различен дел од зградата бил Ихор Лаврененко, кој изјавил дека слушнал две експлозии.

-Се разбудив од првиот удар, слаб и веднаш отидов на балконот. Потоа вториот избувна над главата, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот